Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев со честитка по повод 43 години постоење на САЕ Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја

Bo macaliev2.jpg

Денеска одбележуваме 43 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица Тигар – непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја.

Специјалната антитерористичка единица – Тигар, претставува пример за високо ниво на обученост и професионализам, со подготвеност да се справи со секој предизвик што може да го загрози безбедноста на нашата земја и граѓаните. Единицата е резултат на заедничките реформски напори за целокупно унапредување на Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи технички, материјални, професионални и организациски аспекти, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

Почитувани припадници на САЕ Тигар,

Вашите посветеност, обученост и способност да реагирате во најтешки ситуации ве прават да бидете нашиот најголем адут во борбата против криминалот и тероризмот. Одлучноста да работите како тим дава резултати признаени на меѓународно ниво.

Со секоја оперативна активност ги демонстрирате вашите способности и ангажман за одржување на мирот и стабилноста во нашата земја, особено преку „Безбеден град”, со што покажавте дека македонската полиција е чекор пред криминалците.

Во свое и во име на мојот тим во МВР оддавам признание за тоа дека вашиот пример на храброст и посветеност е историски.

Да живее САЕ Тигар!

Да живее македонската полиција!

Да живее Република Северна Македонија!

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата