Утрински Весник
Свет

Вонг: Израел ќе продолжи да ја губи поддршката ако не го смени курсот во Појасот Газа

Picture 548 660x486 1.jpg

Шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг денеска го предупреди Израел дека ќе ја изгуби поддршката „ако не го смени својот курс“ во Појасот Газа.

– На 7 октомври имаше терористички напад и тогаш светот со право беше многу сочувствителен и солидарен со Израел.

Мислам дека светот е ужаснат од моменталната ситуација, од загубата на невини цивилни животи и обемот на хуманитарната криза и ќе кажам дека Израел ќе продолжи да ја губи поддршката доколку не го промени својот курс, изјави Вонг на Австралискиот бизнис самит (Australian Financial Review Business Summit).

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година досега во израелските напади врз Појасот Газа загинаа повеќе од 31. 000 луѓе.

Можете да прочитате

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница