Утрински Весник
Свет

Трамп: ТикТок е закана, но забраната на апликацијата ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук

1706517527 Unnamed File.webp.webp

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ТикТок е закана за националната безбедност, но дека забраната на популарната апликација ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканецот остро го критикуваше.

Трамп ги даде забелешките додека законодавачите оваа недела го разгледуваат предлог-законот со кој на сопственикот на ТикТок, БајтДенс, ќе му дадат околу шест месеци да се откаже од сопственоста на популарната апликација за кратки видео записи.

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави треба да гласа во среда за легислативата со која на кинескиот БајтДенс ќе му даде краток рок да се повлече од платформата што ја користат 170 милиони Американци.

„Ако го забраните ТикТок, тогаш Фејсбук и другите, но главно Фејсбук, ќе станат многу посилни. Мислам дека Фејсбук беше многу нечесен“, изјави Трамп за Си-Ен-Би-Ес.

Трамп, исто така, рече дека забраната на ТикТок може да влијае на младите луѓе.

„Има многу деца на ТикТок кои ќе полудат без него. Има многу лоши, но и добри работи на ТикТок“, рече Трамп.

Претседателот Џо Бајден минатата недела рече дека ќе го потпише нацрт-законот, кој беше едногласно одобрен од конгресната комисија.

ТикТок вели дека не споделувал податоци на американските корисници со кинеската влада, тврди дека законот евсушност значи забрана на апликацијата. 

„Овој предлог-закон има однапред одреден исход, што е целосна забрана за ТикТок во Соединетите Американски Држави. Владата се обидува да лиши 170 милиони Американци од нивното уставно право на слобода на изразување“, соопшти компанијата.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење