Утрински Весник
Балкан

Почина претседателот на Националниот совет на македонското малцинство во Србија

Borce velickovski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По долго боледување, на 57 години почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Р.Србија. Величковски на чело на Македонскиот национален совет беше три мандата, а четвртиот му течеше, откако беше избран за претседател на непосредните електорски избори на Македоците во Србија. Тој беше одликуван од поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов со орден за заслуги на Р.Македонија. За време на неговиот мандат работеше на остварување на законските права на македонсото национално малцинство во Србија во областа на културата, информирањето, изучувањето на македонскиот јазик, образованието и нивната имплементација во Јабука, Качарево, Глогоњ, Панчево, Белград, Лесковац, Врање, Краљево и други места во кои има поголема концентарција на македонци. Комеморацијата и погребот ќе се одржат в среда во Панчево, соопштија од Македонската национална заедница во Србија.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес