Утрински Весник
Свет

Захарова: Апелот на папата за украинската војна му беше упатен на Западот

1707819960 D0b7d0b0d185d0b0d180d0bed0b2d0b0 D183d0bdd0b8d198d0b0d182d0b0 D19d D0b4d0b0d0b2d0b0 D0bdd0b0 D183d0bad180d0b0d0b8d0bdd0b0 D0b5d0b2d180 63dec8fea2799.jpeg

Русија соопшти дека поканата на папата Франциск за разговори со Москва за ставање крај на војната во Украина е барање до западните сојузници на Киев да се откажат од нивните амбиции да ја поразат Русија и да ја признаат грешката на Западот во украинската војна, објави денеска италијанската новинска агенција АНСА. Папата неодамна изјави дека Украина ќе мора да има храброст за „бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија, по почетокот на инвазијата пред две години во која загинаа десетици илјади луѓе.

Во интервјуто снимено минатиот месец за швајцарската телевизија РСИ, Франциск кажа што мисли за оние кои велат дека Украина треба да се откаже бидејќи не успеала да ги одбие руските сили и тие кои веруваат дека тоа ќе и даде легитимитет на посилната страна. Новинарот во своето прашање го употреби терминот „бело знаме“.

„Тоа е едно толкување, тоа е вистината“, рече тогаш Франциск, според извадоци од интервјуто што треба да се емитува на 20 март. „Зборот „преговарање“ е храбар збор. Кога ќе видите дека сте поразени, дека работите не одат добро, треба да имате храброст да преговарате“, нагласи Франциск.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментира дека Западот ја користи Украина како инструмент на своите амбиции да ја ослабне Русија.

„Како што јас го гледам тоа, папата бара од Западот да ги остави настрана своите амбиции и да признае дека не е во право“, ја цитира АНСА изјавата на Захарова.

Што се однесува до Русија, продолжи таа, „никогаш не сме ги блокирале преговорите“. Во исто време, Захарова додаде дека ситуацијата во Украина е „без излез“. 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд