Утрински Весник
Балкан

Тројца повредени во престрелката во Ѓаковица

Unnamed 1.jpg

Најмалку три лица се ранети од огнено оружје во раните утрински часови во Ѓаковица, а во тек е потрага по осомничениот напаѓач.

Портпаролот на полицијата Шеремет Елезај за приштинска Коха изјави дека повредените се испратени во болница и се во стабилна состојба.

Престрелката се случила во кафеана во Ѓаквица околу 00:10 часот.

Истрагата е во тек, а осомничениот се товари за обид за убиство и неовластено поседување оружје.

Можете да прочитате

18+ видеа од познати жени објавени во Албанија, снимени во домот на познат композитор

Невреме и големи поплави на Крит, оштетени куќи и автомобили уништени посеви

Во БиХ денеска се одржуваат општи избори