Утрински Весник
Свет

Кина излегува од дефлација – 24info.mk

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Потрошувачките цени во Кина се зголемија во февруари за 0,7 отсто на годишна основа, што укажува на излез од шестмесечната дефлација.

Втората по големина светска економија во јануари имаше најголем пад на цените во последните 14 години, додека останатите големи економии во светот, особено западните, сè уште се оптоварени со инфлацијата и падот на куповната моќ на дел од населението. јавува Мина Бизнис.

Цените пораснаа најмногу поради прославата на лунарната нова година во февруари, во времето кога се одржуваат најголемите семејни дружења и се забележува голема потрошувачка.

Според податоците на Националното биро за статистика, цените на храната, тутунот и алкохолот и натаму паѓаат, за 0,1 отсто на годишно ниво. Раст е забележан кај другите производи, особено во образованието, културата и забавата за 3,9 отсто, услугите за три отсто и облеката за 1,6 отсто.

Кина падна во дефлација во јули за прв пат од 2021 година. По краткото закрепнување во август, цените се во постојан пад од септември.

-Мислам дека е премногу рано да се заклучи дека дефлацијата во Кина е завршена, предупреди економистот Живеи Џанг од Pinpoint Asset Management.

Ако се спореди просечната инфлација во првите два месеци од годинава со таа од истиот период лани, цените се стабилни.

Иако падот на цените може да изгледа како добра работа за куповната моќ, дефлацијата не е поволна бидејќи потрошувачите имаат тенденција да го одложуваат купувањето во очекување на понатамошно паѓање на цените.

Поради недостаток на побарувачка, компаниите се принудени да го намалат производството и да се согласат на нови попусти за да го распродадат својот залихи.

Таквата состојба, која ја оптоварува нивната профитабилност, ги принудува да отпуштаат работници, а економистите зборуваат за „штетна спирала“.

Покрај слабата потрошувачка, економската активност во Кина е под притисок и од кризата со недвижности, високата невработеност кај младите и глобалното забавување што ја намалува побарувачката за кинески стоки, а со тоа и фабричката активност.

Кина неколку пати најавуваше мерки за спас на својот сектор за недвижнини, но со мал ефект.

Бидејќи годишната седница на Парламентот е оваа недела во Пекинг, економистот забележува дека тоа било можност да се објави „попроактивна фискална политика“, иако „потребно е време да се пренесе фискалниот импулс во економијата и да се помогне за закрепнување на домашните побарувачката“.

Во текот на минатата година, инфлацијата во Кина се зголеми во просек за 0,2 отсто, многу помалку од стапките во најголемите светски економии.

Целта на Владата за оваа година е инфлација од три проценти и економски раст од околу пет проценти, што е меѓу најниските во последните неколку децении и е одраз на борбата на економијата да заживее по годините на пандемијата.

Можете да прочитате

Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах