Утрински Весник
Магазин

Во Ријад ќе се гради највисоката зграда во светот

O 1216224 1024.jpg

Британското архитектонско студио Фостер + Партес е задолжено за дизајнирање на облакодер висок два километри во Ријад, Саудиска Арабија, кој доколку се реализира, би станал највисоката зграда на планетата.

Извештајот на британското архитектонско списание Architects’ Journal (AJ) открива дека дизајнот на овој исклучително висок облакодер се развива за локација во северниот дел на главниот град на Саудиска Арабија.

Според списанието, планираната локација за облакодерот е во непосредна близина на меѓународниот аеродром во градот, кој во моментов е во реконструкција од страна на Фостер + Партнерс.

Облакодерот, доколку биде изграден, би ја добил титулата за највисока зграда во светот, со висина што го удвојува актуелниот рекордер Бурџ Калифа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, кој е 828 метри.

Покрај тоа, ќе стане и највисоката зграда во Саудиска Арабија, надминувајќи ја висината на кралската саат-кула Абраџ Ал Баит во Мека, која се издига на 600 метри.

Проектот би бил втор голем обид на Саудиска Арабија да ја изгради највисоката зграда во светот, откако започна изградбата на 1.000 метри високата кула Џеда, дизајнирана од Adrian Smith + Gill Gordon Architecture, во градот Џеда. Првите визуелизации на идната кула беа објавени во 2011 година, а изградбата започна набргу потоа, во 2013 година. Сепак, проектот беше паузиран и продолжи дури минатата година.

Како дел од своите „гига проекти“, Саудиска Арабија моментално развива голем број архитектонски иницијативи, вклучувајќи го и облакодерот The Line, долг 170 километри, кој треба да достигне висина од 500 метри.

Проектот Line, кој е дел од иницијативата Neom, наиде на критики од Советот за човекови права на Обединетите нации.

Фостер + Партнерс веќе има имплементирано голем број проекти во Саудиска Арабија, вклучувајќи ја и кулата Ал Фаисалиах, која беше највисоката зграда во земјата кога беше завршена во 2000 година.

Познатото студио дизајнираше и четири брзи железнички станици кои беа отворени во 2019 година.

Покрај проектот за мега-висок облакодер и аеродромот во Ријад, студиото дизајнира уште два аеродроми.

Во изградба е и меѓународниот аеродром во Црвеното Море, додека студиото работи на дизајнирање на приватен аеродромски терминал и контролна кула за ексклузивно одморалиште на брегот на Црвеното Море.

Фостер + Партнерс е исто така задолжен за дизајнирање на хотелот и „првиот центар за целосно потопено искуство во морски животни во светот“ во рамките на одморалиштето.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува