Утрински Весник
Магазин

Kолку навистина дебелеат пивото, виното и жестоките пијалоци?

Img 3758.jpeg

Доколку се борите со вишок килограми, треба да вклучите кочница во пиењето алкохол.

Главната причина зошто треба да се внимава на количината алкохол додека слабееме е што алкохолот содржи голема количина калории. За споредба, мастите содржат 9 kcal/g, додека алкохолот содржи дури 7 kcal/g, а немаат речиси никаква нутритивна вредност. Калориите од алкохолот често се нарекуваат „празни калории“ бидејќи го заземаат местото на калориите од нутритивно вредните намирници. Алкохолот лошо влијае на слабеењето, од причина што отвара и апетит, па ќе јадеме повеќе.

Како би објасниле подобро колку калории содржи одреден пијалак, истражувачите навеле пример кој е еквивалент на изедени кекси (чоколадни кекси богати со влакна) и колку е потребно да пешачите за да ги потрошите наведените калории:

– 0,5 л пиво – калориска вредност 250 kcal што е еквивалентно на 3 изедени чоколадни кекси, а потребни се 53 минути брзо одење како би ги потрошиле наведените калории.

– чаша вино – содржи 178 kcal што е еквивалентно на 2 изедени кекси, а потребни се 38 минути брзо одење за да се потрошат наведените калории.

– водка со сок од портокал – содржи 109 kcal што е еквивалентно на 1 изеден чоколаден кекс, а потребни се 23 минути брзо одење за да се потрошат калориите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста