Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Она што го нуди опозицијата е граѓаните да се откажат од својата иднина

Sdsm Kovachevski 4.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од својата иднина, ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат на граѓаните им предлагаат концепт со кој ќе бидат против својата иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во обраќање при отворање на промотивен штаб на партијата во Прилеп.  

-Нема никаква промена во опозицијата. Погледнете ги што прават, нас не напаѓаат затоа што го заштитивме македонски јазик и идентитет и го обезбедуваме во ЕУ додека гледаме нивни слики со луѓе кои го негираат македонскиот јазик, култура, идентитет. Тоа е таа неискреност на опозицијата пред граѓаните. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро.  Потврда за тоа е и катастрофата што се случува во Прилеп, но и во Скопје, и во многу други општини коишто ги водат. Повеќе од 2 години поминаа ништо добро во општините ниту направија ниту донесоа, рече Ковачевски.

Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, а не во некоја далечна иднина или никогаш, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер