Може ли еднаш да ги надминеме стравовите дека ако нешто Албанците одлучат тоа ќе биде ризично. Ништо не е ризично ако ги вклучувате луѓети туку се добиваат лојални граѓани во еден систем. Тоа што го направи ДУИ е компензирање нешто што требаше да се прави 70 години наназад, тоа што се вработуваа во текот на 20 години, а требаше да се прави за 70 години, нормално е да има дефекти, но, не треба да се демонизира цел процес. Бадентер не е само мнозинство на Албанците, туку и на сите останати за едници. Зошто да немаме претседател на сите, тој да биде гарантор на унитарноста на државата и хармопнијата, да нема поларизација, да не трошиме 20 милини евра, да имаме човек што обединува. Барам мандат бидејќи можам да гарантирам членство во ЕУ, по 17 неколку влади се обидоа да ги почнат преговорите, мене ми успеа да ги почнам преговорите, мене му успеа да почнам стратешки дијалог во САД и да водам голема меѓународна организација, рече Бујар Османи во Само Интервју на Телевизија Канал 5