Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Просечната откупна цена на тутунот од 2017 година до сега постојано расте, што е доказ дека политиките на СДСМ даваат резултат, порача претседателот на СДСМ, при денешната посета на Прилеп, во рамки на која имаше средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион. На средбата се разговараше за резултатите од завршениот откуп на тутун, сегашните и идните мерки за развој на тутунопроизводството.
„За оваа реколта, со одлука на Влада, се даде можност Управниот одбор на Тутунскиот комбинат Прилеп да ја зголеми почетната цена од 300 денари за килограм за дополнителни 10%. Затоа, откупот за 2023 година завршува со висока просечна цена од 365 денари за килограм. Ова е историски највисока откупна цена на тутун. Со ова ќе го потврдам со еден друг податок. Во 2014 година просечната откупна цена беше 117 денари за килограм, сега имаме за 212% повисока откупна цена “, рече Ковачевски.При тоа Ковачевски посочи дека примарна цел на Владата предводена од СДСМ е парите да се враќаат кај граѓаните, кај земјоделците.
„Денес не се трошат буџетски средства за гипс и бронза, за врби во Вардар, за стиропори за секакви други измислени работи, туку напротив се користат за поддршка на земјоделците и поддршка на сите други групи на граѓани. Денес, нема партиски списоци за поделба на субвенциите”, рече Ковачевски.На средбата претседателот на СДСМ, Ковачевски, презентирајќи ги мерките за тутуно производството, потенцираше дека позитивните бројки за овој сектор, се резултат на правилните мерки односно новиот модел на субвенции што го воведе Владата предводена од СДСМ.
„До 2016 година, имаше еден вид на субвенција за тутунот во износ од 60 денари по килограм тутун, и тоа беше за сите класи. Со СДСМ таа поддршка се зголеми. Воведовме нов модел за висината на субвенции. За прва класа 80 денари, за втора 70 денари, за трета 60 денари. Оваа година субвенцијата за тутун ја зголемуваме за 20 денари за сите класи, а тоа значи дека наместо 80 денари како досега, односно минатата година, секој тутунар што предал прва класа тутун ќе добие субвенција од 100 денари. Пресметано со откупната цена од 365 денари, секој тутунопроизводител оваа година добива вкупно 465 денари за прва класа предаден тутун. Да посочам дека годинава скоро целиот откупен тутун е прва класа”, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, додавајќи дека исплатата на субвенциите, ќе биде согласно предвидени рокови. крајот на март или почеток на април.