Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени

1 6.jpeg

Во склоп на активностите кои ги спроведува дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска под името „Гласна и Храбра 2″ денес заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и сопругата на претседателот на СДСМ, Елена Ковачевска присуствуваа на работилница каде беа изработувани рачни изработки и каде се украсуваана предмети со техника декупаж. Пред започнување на работилницата тие го посетија и осмомартовскиот саем во Градскиот трговски центар.

Активностите кои се спроведуваат во склоп на „Гласна и Храбра 2″ имаат за цел да ги поттикнуваат жените на поголемо вклучување на пазарот на трудот и нивна економска независност и напредок. Потребата за повеќе работници на пазарот на труд, но и статистичките показатели дека 45% од жените не се активни на пазарот на труд е темелот на овогодишните приказни и движења.

На работилницата присуствуваа и деца од Јавната установа Детски дом „11 Октомври”- Скопје и деца од дневниот центар за деца со даунов синдром „Доза Среќа”. 

Можете да прочитате

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите