Утрински Весник
Свет

Во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени

Ova 2.jpg

Во Италија во 2023 година се убиени 120 жени, се вели во извештајот објавен денеска од Управата за криминалистичка полиција, во очи на Меѓународниот ден на жената 8 март.

Во извештајот се наведува дека половина од тој број, 64, биле убиени од нивните поранешни или сегашни партнери, пренесе АНСА.

Се додава дека четвртина од убиствата ги извршиле деца на жртвите, поточно машко дете во 89 отсто од случаите.

Италијанската новинска агенција вели дека родовото насилство е голем проблем во Италија, по долгата серија фемициди, вклучувајќи го и убиството на 22-годишната студентка Џулија Чечетин, која беше убиена од нејзиното поранешно момче во злосторство што ја шокираше нацијата.

Можете да прочитате

Британска полиција: Две деца убиени, шест во критична состојба во напад со нож во Саутпорт

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени