Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тасевска: Сликата на Силјановска со Ковачев потврда за соработката на македонското и бугарското ВМРО

Tasevska.jpg
300x250 opst2

Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато. Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска. Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро.
Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата. Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, посочи на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и додава:
-Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев.
Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ. Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.
Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува. Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.
ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат.
Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Можете да прочитате

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран” на АП Криволак

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците