Утрински Весник
Македонија

Им пречи што се грижи за македонските национални интереси – Бугарија одново го нападна македонскиот претседател Пендаровски

Pendarovskilu E.jpg

Бугарското министерство за надворешни работи на Бугарија, ја повика македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска на средба поради, неодамнешните јавни коментари на претседателот Стево Пендаровски и според, бугарското МНР, лажните изјави од негова страна за Република Бугарија.

„Министерството за надворешни работи категорично се противи на обидот Бугарија и нашите билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

Уште еднаш ја покануваме политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година. е единствената можност да се постигне вистински напредок во процесот на европска интеграција на земјата за доброто на нејзините граѓани“, велат од бугарското МНР.

Овој потег доаѓа неколку денови откако македонскиот претседател Стево Пендаровски во јавен настап кажа дека македонското малцинство во Бугарија во последните 70-80 години е малтретирано и преживува голгота.

„Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав – нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку владата? Во бугарската влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека не лажат, гледајќи не во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот, рече Пендаровски.

Пендаровски и претходно беше на мета на бугарските институции и државни претставници

Не е првпат официјална Софија и високи државни претставници да го напаѓаат Пендаровски.

Лани, токму Пендаровски на црна листа ги стави десничарските европратеници Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев, а двајцата беа и вратени од бугарско – македонската граница на шести мај 2023 година кога сакаа да присуствуваат на оддавање почит на бугарските гробишта во Ново Село, струмичко.

Претходно, европратеникот Ковачев реагираше на објава на претседателот Пендаровски по неговата посета на спомен куќата на браќата Миладиновци, каде кажа дека тоа било последен пат, Пендаровски да пишува така за македонската историја.

Очигледно дека за бугарските политичари проблем е што Пендаровски поведен од државничко однесување, цврсто стои на страана на македонските национални интереси и затоа постојано е под нивен напад.

За очекување е овие напади да продолжат а можеби и интензивираат имајќи предвид дека оваа година ќе се одржат изборите за Европскиот парламент, а во Македонија следуваат двојни избори.

Дали бугарската политичка сцена, ќе најде и свој фаворит за македонските парламентарни и претседателски избори, останува да видиме во неделите пред нас.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Оштетен автомобил и покрив на куќа – Битолчани вознемирени од невремето кое ги зафати (ФОТО)