Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи

Oblachno 2.jpg

Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник.

Можете да прочитате

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

28годишен скопјанец го запалил автомобилот на мајка му