Утрински Весник
Македонија

Џафери: Протестите на унивезритетите се дневна политика, во време на распишани избори не може да се потпишува колективен договор

Dzaferi pres vlada.png

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели. Џафери додаде дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите. Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто. -По примерот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ги насочив како треба да го подготват колективниот договор, уште на почетокот на 2023 година. Но, тие почнаа да ги доставуваат барањата во октомври, а последното беше на 29 декември. Ниту физички ниту формално правно немаше можност да се завршат овие работи, изјави Џафери и потенцира дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навреме синдикати. 

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време

Од 1. јули летен времен режим за движење на товарни возила при екстремно високи температури

26 изгаснати и еден активен пожар во изминатото деноноќие