Утрински Весник
Македонија

За пет часа санкционирани 42 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Slik 7.png

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што санкционирани се 42 возачи. За време на контролата санкционирани се и 186 други видови на сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници. 

Можете да прочитате

Можно е евтина дневна тарифа од четири наместо два часа и во двата дена од викендот, вели Ристов

Филипче до Мицкоски: За 2 години ниту едно ветување не исполнивте, ги излажавте граѓаните

ДЗР: МЕПСО со раст на приходи, но со неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси