Утрински Весник
Македонија

Петровска: Носењето на Законот за вработени е еден од најголемите проекти во Министерството

1 1.jpeg

На новинарско прашање поврзано со новиот Закон за вработените во одбраната кој беше неодамна донесен во Собранието, министерката Петровска истакна дека тоа е еден од големите проекти кои се реализираат во одбраната, зашто, како што рече, не може да има силна Армија ако луѓето, кои се клучниот сегмент не бидат соодветно задоволни и не бидат мотивирани и понатаму да продолжат да ги извршуваат своите задачи.

„Јас сум горда на припадниците на македонската Армија и на вработените во Министерството за одбрана кои многу тешки процеси изминативе 32 години независност ги износеа на свој грб и многу трпеливо го чекаа овој момент на усвојување на новиот закон за вработени. Новиот закон лично јас не го гледам само како придобивка во делот на платите, многу повеќе го гледам како придобивка во олеснување на процесот и на вработување, меѓутоа и во процесот на унапредување на кадрите, особено, акцентирајќи ги оние критични специјалности”, рече министерката.

Во однос на примената на одредбите на овој Закон, министерката порача дека беа направени консултации со Државата комисија за спречување на корупцијата и дека исплатите ќе бидат направени по завршувањето на изборниот процес, но и дека сите права кои произлегуваат од Законот и од новиот Колективен договор се стекнато право за вработените во одбраната.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер