Повеќекратниот германски фудбалски првак Баерн Минхен, на кого сезонава не му цветаат розите, вечерва (21 ч.) ќе има прилика за поправен во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите против италијанскиот калчолигаш Лацио. За пласман во четвртфиналето на Баерн му е потребен триумф со два гола разлика пред своите гледачи за да ги залечи делумно раните. Во првиот меч во Рим, Лацио ја искористи предноста на домашниот терен и обезбеди минимална победа (1:0). За разлика од Баерн, францускиот првак ПСЖ ќе оди на верификација на пласманот во четврфиналето со два гола предност кај шпанскиот Реал Сосиедад (2:0). Баерн викендов ремизираше со Фрајбург и направи чекор назад во трката за титулата во Бундеслигата, па избраниците на Томас Тухел не смеат да си дозволат нов кикс. И Лацио игра разочарувачки во Серија А каде се наоѓа на деветтата позиција, откако на последните четири меча нареди дури три порази. ПСЖ предводен од Килијан Мбапе кој на крајот од сезоната ќе замине од редовите на „светците“ ќе атакува на трофејот во ЛШ.