Утрински Весник
Магазин

ЈП Лајка започнува со едукативен караван

430679875 7099908986793057 718855057399991812 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „ЛАЈКА” Скопје започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик” на која децата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што подразбира одговорно чување на куче и како да се грижат за своите миленици.

Сметаме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на децата па затоа целта на оваа активност е да, преку едукација, се зголеми свесноста кај најмладите за одговорното сопствеништво за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за истите, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје, но и во земјава.

Можете да прочитате

Како правилно да го мерите крвниот притисок и зошто е важно

Чудотворни ефекти на топлата вода: Како секојдневното пиење може да го подобри вашето здравје

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето