Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата, Давкова само блокади и уназадување

Kuzeska.jpeg

Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.
-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние  кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ”, рече Кузеска.
Таа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се преставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.
-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата”,  рече Кузеска.

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал