Утрински Весник
Свет

Орбан кон крајот на неделата оди на средба со Трамп

1440x810 Cmsv2 Aa9ed48d D0bf 5696 Bf3a 251b788bc749 6344930.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 8 март на Флорида, изјави претставникот за медиумите на Орбан за унгарската државна новинска агенција MTИ.

Минатиот месец националистот Орбан ја поддржа кандидатурата на Трамп на овогодинешните избори за претседател на САД.

„Се надеваме дека актуелниот претседател ќе замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да постигне мир (во Украина), рече Орбан на 23 февруари.

Орбан одби да испрати оружје во Украина за да и помогне во борбата против руската инвазија и ги критикуваше западните санкции против Русија. Тој постојано повикуваше на прекин на огнот во Украина за да се стави крај на војната.

Унгарскиот премиер, кој е на власт од 2010 година, се соочи со тензии со администрацијата на претседателот Џо Бајден, главно поради одложувањето на Будимпешта со ратификувањето на членството на Шведска во НАТО.

По долго одложување, унгарскиот парламент минатата недела ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, а сега само се чека унгарскиот претседател конечно да ја потпише оваа недела.

Орбан рече дека следните претседателски избори во САД оваа година и гласањето за Европскиот парламент во јуни ќе бидат клучни затоа што конзервативците во Европа и САД мора заедно да се борат за „повторно освојување“ на институциите во Вашингтон и Брисел од либералите кои – како рече Орбан – ја загрозуваат западната цивилизација.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30