Утрински Весник
Македонија

Големиот влажен бран од запад доаѓа денес попладне и навечер: Носи многу дожд, снег и снежна покривка од над 25 сантиметри!

Sneg patista 610x330 1.jpg

Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне  и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен).

На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде  и со висина и над 25 сантиметри.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.

Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Снежната граница понекаде, особено во западните предели би можела да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има понекаде  и во повисоките населени места.

Потоа, нов влажен бран очекуваме во среда попладне  и навечер, како  и во четврток кога повторно ќе имаме пообилни врнежи од дожд и снег на планините.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија