Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис

Kanabis makedonija1.jpg
300x250 opst2

Демократскиот сојуз предлага да се забрани наркобизнисот во Македонија. ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба, се вели во писмената реакција од партијата и додаваат: -Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот. Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија. Досега се откриени над 10 „кражби” на марихуана, обиди за нелегална продажба на  канабис итн. Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации. Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал. Во овој „бизнис”се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

Можете да прочитате

Мојсоска: Домување за жртвите на семејно насилство е приоритет во програмата на Левица 

Андоновски: Ѓорче Петров ќе биде меѓу првите општини со бесплатни „Wi-Fi“ зони

Битиќи од Струмица: Кога Мицкоски ќе каже дека економијата успева, погледнете ги вашите фактури