Утрински Весник
Македонија

Мирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори

20240303144533 big 730x400 67.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани клективните договори.

Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието во однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.

-Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“. 

Можете да прочитате

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух