Утрински Весник
Свет

Британците проценуваат дека во февруари загинаа најмногу руски војници од почетокот на војната во Украина

A 1.webp.webp

Во февруари дневно се убиени или повредени најмногу руски војници од почетокот на руската инвазија на Украина, пред повеќе од две години, покажаа најновите британски проценки.

Британското Министерство за одбрана во својот најнов дневен разузнавачки преглед за војната во Украина, што беше објавен денеска, проценува дека дневниот број на загинати руски војници во февруари изнесува 983.

Во извештајот се наведува дека досега се убиени или повредени вкупно над 355.000 руски војници.

„Иако скап во смисла на загуба на човечки животи, резултатот го зголеми притисокот врз украинските позиции долж линијата на фронтот“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Министерството во Лондон секојдневно ги ажурира податоците за војната од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Москва ја обвинува Британија за ширење дезинформации.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30