Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: На денешниот когрес ќе потврдиме дека првата дама и по 8 мај ќе биде Бети Пендаровска

3676e25a 0cec 41d0 Bce9 6d86aa2aa401.jpg

„Оваа земја дала свои херои, но почива и на рамената на нашите хероини. Изградена е од мажи и жени кои стоеле рамо до рамо, подеднакво чекорејќи напред, кон подобра иднина за себе и за своите деца. Тој аманет, ние денес го чуваме и го остваруваме. И денес стоиме рамо до рамо заедно во борбата за еднаквост, за економска, политичка и социјална рамноправност, борбата за прогрес. Денес имаме три важни работи. Првата е овој марш на кој илјадници наши сопартијки, сограѓанки, дојдоа да оддадат почит на 8 Март, „ изјави Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Тој додаде дека втората работа е конгресот на партијата кој ќе биде попладне.

„На тој конгрес ќе донесеме одлука за претседателски кандидат, победничкиот претседателски кандидат на изборите на 24 април и 8 мај! На тој конгрес оповторно ќе потврдиме дека првата дама е меѓу нас. Првата дама до 8 мај е Бети Пендаровска и прва после 8 мај повторно ќе биде Бети Пендаровска“, потенцираше Ковачевски

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер