Утрински Весник
Магазин

Во Мостар исчезна статуата на Брус Ли, истрагата на полицијата е во тек

2222419.jpeg

Статуата на филмската ѕвезда и кунг фу мајстор Брус Ли исчезна во неделата вечер од центарот на Мостар, каде што беше поставена во 2005 година како симбол на отпорот кон неправдите во поделениот град.

Непознати сторители ја извадиле статуа направена од бронза од камениот столб во паркот Зрињевац, на кој пишува „Брус Ли – твојот Мостар“.

Информацијата за исчезнувањето на статуата на Брус Ли први ја објавија локалните медиуми.

Недалеку од основата на споменикот е оставена импровизирана дрвена количка која најверојатно сторителите ја искористиле при отстранувањето на статуата.

Статуата на Брус Ли беше поставена во централниот парк на Мостар во 2005 година на иницијатива на првиот човек на невладината организација „Урбани покрет – Мостар“, сега парламентарец Нина Распудиќ и Веселин Гатал.

Како што објаснија авторите на идејата, со поставувањето на статуа на филмска ѕвезда и мајстор на кунг фу, тие се обиделе да го направат Мостар препознатлив во светот по други мотиви освен војна и уништување и да биде симбол на отпорот на сите неправди.

Поставувањето на таа статуа во 2005 година беше објавено од бројни светски медиуми наведувајќи дека таа може да биде симбол на обединување во војната на поделениот град.

Можете да прочитате

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

Брајан Адамс со песна го критикува претседателот Трамп поради преименување на езерото Онтарио

Платиле за тригодишно крстарење – сега треба да си заминат поради цените на горивото