Утрински Весник
Магазин

Магданосот не е само украс на јадењето туку вистински еликсир на здравјето

Persun Shutterstock 327083183.jpg

Кога бараме здрава храна, малкумина од нас сериозно размислуваат дека само еден сноп магдонос може да ја замени дневната потреба за многу витамини. Ова растение крие вистинско богатство на хранливи материи и не треба да се потценува.

Често го доживуваме како декорација на јадења, состојка која го подобрува вкусот и му дава арома на јадењето, а не сме ни свесни дека магдоносот е многу повеќе од тоа. Магдоносот е една од најмоќните билки кога се во прашање лековитите и хранливите својства.

1/2 чаша (30 грама) свеж, сечкан магдонос содржи:

Калории: 11 калории
Јаглехидрати: 2 грама
Протеини: 1 грам
Масти: помалку од 1 грам
Влакна: 1 грам
Витамин А: 108% од препорачаната дневна доза
Витамин Ц: 53% од препорачаната дневна доза
Витамин К: 547% од препорачаната дневна доза
Фолна киселина: 11% од препорачаната дневна доза
Калиум: 4% од препорачаната дневна доза

Богат со антиоксиданси

Магдоносот содржи моќни антиоксиданси кои ги обновуваат клетките на нашето тело и се борат против слободните радикали. Ова миризливо растение е особено богато со група соединенија наречени флавоноиди, имено мирицетин и апигенин. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со овие соединенија го намалува ризикот од тумори на дебелото црево, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Покрај тоа, бета-каротинот и лутеинот се два антиоксиданса кои припаѓаат на групата каротеноиди, кои многу студии го поврзуваат со намалување на ризикот од разни болести. Витаминот Ц, кој го има во изобилство во магдоносот, исто така има силни антиоксидантни ефекти и игра важна улога во поддршката на здравјето на имунитетот и заштитата од хронични болести. Интересно е што сувиот магдонос може да има и до 17 пати повеќе антиоксиданси од свежиот.

Идеален за здравјето на коските

Магдоносот е богат со витамин К, кој помага во градењето на структурата на коските и ја спречува остеопорозата. Овој витамин активира и одредени протеини кои ја зголемуваат густината на минералите во коските, што е важно за превенција од чести фрактури, особено во староста.

Има антиканцерогени својства

Оксидативниот стрес, состојба кога во телото се јавува нерамнотежа помеѓу антиоксидансите и слободните радикали, е поврзан со развој на одредени хронични болести, вклучително и разни тумори. Магдоносот е особено богат со антиоксиданси, флавоноиди и витамин Ц, кои го намалуваат оксидативниот стрес во телото и го намалуваат ризикот од некои видови тумори.
На пример, високиот внес на флавоноиди може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за дури 30%. Покрај тоа, конзумирањето на храна богата со витамин Ц може да го намали и ризикот од тумори, а 30 грама магдонос обезбедува 53% од препорачаната дневна доза на овој витамин.

За здравјето на очите

Лутеинот, бета-каротинот и зеаксантинот се три каротеноиди кои се наоѓаат во магдоносот кои помагаат во одржувањето на здравјето на очите и добриот вид. Лутеинот и зеаксантинот можат да спречат дегенерација на ткивото на очите, што е поврзано со стареењето. Бета-каротинот е уште еден каротеноид кој е одличен за здравјето на очите. Овој каротеноид се претвора во витамин А во нашето тело, кој помага во заштитата на рожницата.

Едноставно се внесува во исхраната

Со оглед на тоа што е одличен како зачин, можете да го додадете во различни јадења, во сушена или свежа форма. Може да го подобри вкусот на супи, чорби, риба, можете да го додадете во салати, разни сосови и преливи, а можете да го користите за да подготвите сок, чај или да го ставите во смути.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува