Утрински Весник
Свет

Швајцарците денес на референдум гласаат за 13-тата пензија

6939 Franak 1000x0 F.jpg

Денеска Швајцарците ќе гласаат за две иницијативи кои имаат за цел да го променат животот на пензионерите на дијаметрално спротивни начини.

Едната иницијатива има за цел зголемување на пензиите, додека другата има за цел да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален додаток за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја.

Иницијативата, наречена „Подобар живот во пензија“, повикува на исплата на 13-та пензија секоја година, како 13-тата плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека повеќето Швајцарци го поддржуваат предлогот, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека предлогот ќе помине.

Месечните социјални надоместоци во Швајцарија можат да бидат до 2,45 илјади швајцарски франци (CHF), односно 2,55 илјади евра за физички лица и 3,68 илјади CHF или 3,83 илјади евра за брачни парови.

Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот, не е.

Доколку Швајцарците ја одобрат промената, не би биле први во Европа. Сличен систем со години има и соседниот Лихтенштајн, уште една скапа земја која користи швајцарски франк.

Вториот предлог се однесува на постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години со цел да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем. Пред нешто помалку од две години, швајцарските гласачи тесно одлучија да ја подигнат старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години, како што е случајот со мажите.

Последниот предлог доаѓа од подмладокот на десничарската Либерална партија. Но, се чини дека оваа иницијатива нема шанси за успех. Последните анкети покажуваат дека само 35 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63 отсто се против.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30