Утрински Весник
Спорт

Кузмановски ја искина мрежата на Пролет

Pelister 2 3 24.jpg

Актуелниот ракометен шампион во машка конкуренција Еурофарм Пелистер ја забележа четвртата победа во четвртиот меч од плејоф фазата во Суперлига. Битолчани многу потешко од очекувањата го скршија отпорото на Тинекс Пролет и тоа во самиот финиш од мечот за триумф (32:29). Македонскиот репрезентативец Кузмановски со 17 голови беше предводникот на битолчани. Тиквеш во разигрувањето ја запиша третата победа и тоа гостински терен против Бутел (21:22). Натпреаврот беше решен со голот на Стефановиќ во последите моменти од мечот за 22:21. Манасков и Темелковски постигнаа по шест голови за Тиквеш, додека Николов беше најефикасен кај Бутел со 11 погодоци. Тиквеш во следното коло во Кавадарци го дочекува фаворитот Пелистер.

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина