По двонеделна пауза поради настапот на македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025, викендов продолжуваат натпреварите во Првата македонска кошаркарско лига.
На програмата е 18 коло кое попладнево ќе биде отворено со дуелот меѓу два од трите македонски претставници во АБА 2 лигата, во кој ТФТ Моцарт во Скопје го пречекува Пелистер.
Кошаркарите на Вардар во СРЦ „Кале“ се домаќини на Кожув, а Чаир во салата „Шабан Трстена“ го пречекува Гостивар.
Саботната програма ќе биде затворена со натпреварот во салата „Билјанини извори“ во Охрид каде, од 19. часот, гостува кавадаречки Еуро Никел 2005
Два натпревари ќе се играат во неделните термини и двата во Скопје. Второпласираниот тим на табелата, Работнички во СРЦ „Кале“ е домаќин на Навико Академија ФМП, додека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром за противник го има Феникс 2010.