Утрински Весник
Свет

Силна експлозија оштети две згради во Санкт Петербург, најмалку шест лица повредени

20240302114459 Big 730x400 25.webp.webp

Две згради се оштетени во рускиот град Санкт Петербург, а жителите се евакуирани по силната експлозија што утринава ги разнесе прозорците на објектот, јавија руските медиуми.

Американските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на градскиот здравствен комитет, пренесуваат дека по експлозијата шест лица побарале медицинска помош.

Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека „инцидентот“ се случил во североисточната област Красногвардејски и дека во него нема жртви, но жителите се евакуирани.

Градоначалникот не ја наведе причината или природата на инцидентот.

Жителите сведочат дека прво слушнале необичен звук, а потоа експлозија, по што избувнал пожар.

Руските медиуми пишуваат дека е можно да се работи за соборено украинско беспилотно летало, што за своја цел го имало блиското складиште за гориво.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30