Утрински Весник
Свет

Бајден се надева на прекин на огнот во Газа до Рамазан

1707731711 Unnamed File.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се надева дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас ќе биде постигнат до светиот муслимански месец Рамазан, што почнува на 10 март. 

Запрашан дали очекува договорот да биде постигнат до овој датум, Бајден кажа „се надевам дека е така. Сè уште многу работиме на тоа“, пренесе Би-Би-Си.

-Сè уште не сме го постигнале тоа, им изјави тој на новинарите додека синоќа ја напушташе Белата куќа. 

Изјавата на Бајден доаѓа во време на затегнати разговори за прекин на огнот и кога се зголемува притисокот врз него да помогне во смирувањето на конфликтот. 

Извор запознаен со преговорите за британските меидуми изјави дека предложениот договор предвидува 40-дневна пауза во сите воени операции од почетокот на Рамазан, како и зголемен проток на помош за Газа.

Во него, исто така, наводно ќе биде  вклучен и договор за ослободување на палестинските затвореници во замена за израелски заложници во однос десет спрема еден.

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија