Утрински Весник
Свет

Милеи ќе испрати нов пакет закони до аргентинскиот Конгрес

20240302091738 Big 730x400 46.webp.webp

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи вчера соопшти дека ќе испрати нов пакет закони до Конгресот, речиси еден месец откако пратениците го отфрлија неговиот таканаречен „закон за омнибус“ со кој би биле спроведени сеопфатни реформи.

Милеи во својот говор пред претставниците изнесе неколку предлози од новиот пакет, што, исто така, изгледа обемен, пренесе Хина.

Аргентинскиот претседател додаде дека ќе предложи ограничување на мандатот на шефовите на синдикатот, со кои овој  либертаријанец се судри.

Како политички аутсајдер тој во декември ја презеде функцијата претседател на Аргентина, ветувајќи дека со „моторна пила“ ќе го разреши статус квото во земјата додека нацијата се соочува со економска криза.

Инфлацијата од повеќе од 250 отсто, која му претходеше на Милеи, но порасна откако тој остро го девалвира пезосот во декември, ги доведе нивоата на сиромаштија до ниво од приближно 60 отсто, зголемувајќи ги тензиите меѓу работниците и синдикатите и предизвикувајќи нови штрајкови и протести.

Милеи пред пратениците вчера изјави дека нема големи надежи за договор со опозицијата и дека ќе се обиде да ја промени политиката со или без нивна поддршка.

Претседателот, честопати прекинуван во говорот од овациите што доаѓаа од неговата пратеничка група, на Конгресот му порача дека доколку му се спротивстават, ќе се соочат со „поинаков вид животно“.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме