Утрински Весник
Свет

ЕУ продолжува со финансирањето на УНРВА: Ќе уплати 50 милиони евра

Gaza.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЕУ соопшти дека ќе продолжи со финансирање на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) следната недела, откако двете страни постигнаа договор да им дозволат на експертите назначени од ЕУ да прегледаат како агенцијата го проверува својот персонал за да ги идентификува екстремистите.

Израел обвини 12 вработени во таа агенција на ОН за учество во нападот на Хамас во Израел на 7 октомври.

Еден месец по израелските наводи, истражителите на ОН сè уште чекаат докази од Израел за да ги поткрепат тврдењата, иако очекуваат „наскоро“ да пристигне одреден материјал.

Европската унија најави дека следната недела ќе уплати 50 милиони евра.

Комисијата соопшти дека УНРВА ќе добие и две дополнителни транши во вредност од 16 милиони евра согласно договорот.

Генералниот комесар на УНРВА Филип Лазарини ја поздрави најавата на ЕУ и рече дека посветеноста да се обезбедат пари следната недела „доаѓа во критичен момент“.

Наводите против 12-те вработени поттикнаа 16 главни донатори да ги прекинат исплатите во вкупна вредност од 450 милиони долари во време кога повеќе од два милиони жители на Газа се соочуваат со глад, пишува Гардијан.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони