Утрински Весник
Свет

Орбан: Единствената шанса за мир во Украина е враќањето на Трамп во Белата куќа

Orban viktor.jpg
Dik 300x250 mk

Орбан, говорејќи пред присутните на дипломатскиот форум во Турција, посочи дека евентуалното враќање на Трамп во Белата куќа може да помогне да се стави крај на конфликтот во Појасот Газа.

– Единствената сериозна шанса за мир е доколку Трамп се врати и постигне мир. Во спротивно, конфликтот меѓу Украина и Русија ќе биде многу долг. Враќањето на Трамп е предуслов за силен и брз мир на европскиот континент – нагласи унгарскиот премиер.

Тој изрази уверување дека доколку Трамп беше на власт кога почна конфликтот во Украина, „немаше да има војна“.

Според него, Трамп го разбира конфликтот во Газа затоа што „направил нешто што создаде надеж“. Орбан мислеше на Абрахамскиот договор чија цел беше нормализација на односите меѓу Израел и земјите од Персискиот Залив.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа