Утрински Весник
Балкан

12-годишно момче испраќало дојави за бомба на аеродромот во Белград

Aerodrom belgrad.webp.webp

Припадници на Секторот за технички работи на МВР и на белградската полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство Белград – Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал, идентификувале и пронашле 12-годишно момче кое испратило закани со експлозивни направи по електронска пошта на адреси на неколку основни и средни училишта во Србија, како и на аеродромот „Никола Тесла“.

Претходно денеска пристигнаа информации за поставени бомби во основно училиште во Раковица, како и во два авиони на аеродромот „Никола Тесла“ кои се покаж како лажни.

Компаниите „Ер Монтенегро“ и „Виз ер“ синоќа соопштија дека пилотите на нивните летови добиле информации за подметнати бомби, поради што се евакуирани сите патници и членови на екипажот.

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше повторно отворен за сообраќај околу 22:30 часот, откако беше привремено затворен поради закани за бомби кои се покажаа како лажни.

Можете да прочитате

Притворен сопственикот на фабриката за бисквити во грчкиот град Трикала за експлозијата во која загинаа пет работнички

Турција се противи на грчкото истражување јаглероводори во близина на Крит

Вучиќ: Косовската војска посилна од македонската