Утрински Весник
Скопје

Кавги и тензии во Советот на општина Ѓорче Петров за спорниот ДУП

Gp.jpg

Мнозинството советници во општина Ѓорче Петров гласаа против единствената точка на дневен ред и со тоа не дозволија да се одржи третата вонредна седница на која требаше да се гласа за суспензија на Деталниот урбанистички план за Градска четврт C3 16, а на барање на една третина од советниците.

ДУП-от што граѓаните на Ѓорче Петров не го одобруваат, а оспорен е и од соседната општина Карпош предвидува изградба на 50 згради и три индустриски капацитети од хемиската индустрија.

Во тензична атмосфера, 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ и еден од Демократски сојуз гласаа „против“ одржување на вонредната седница, додека советниците од СДСМ и Левица бараа таа да се одржи.

Откако мнозинството советници одлучи да не се одржи седницата советниците од СДСМ и коалицијата, како и од Левица бараа од нивните колеги од мнозинството да се изјаснат зошто дале таков глас.

Утрово СДСМ и преку пратеничката Данила Марковска го повика Христијан Мицкоски и градоначалникот Александар Стојковски да се повлечат од спорниот ДУП но на крајот ВМРО-ДПМНЕ не се повелече од намерата овој урбанистички план да се донесе.

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето