Утрински Весник
Македонија

Тошковски ги посети „Тигрите“ откако тие јавно изразија незадоволство

4 1 scaled.jpg

Откако утрово Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар јавно излегоа со револт и незадоволство од неодамнешната показна вежба на Единицата за интервентна полиција пред министерот Панче Тошковски, денеска тој го посетил објектот на оваа најелитна полициска единица.

„Министерот Тошковски одржа состанок со раководството на кој беше запознаен со нивното професионално портфолио и беше заклучено дека ова е Единица со која сите треба да се гордееме и во иднина уште повеќе да се инвестира во нејзин раст и развој, како од кадровски така и од материјално-технички аспект“ се вели во соопштението на МВР.

Но во соопштението сепак не е наведено дали Тошковски им се извинил на припадниците на САЕ Тигар.

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија