Утрински Весник
Свет

Полска нема да настојува да добие нуклеарно оружје надвор од НАТО

20240301123838 big 730x400 29.webp.webp

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш денеска изјави дека неговата земја нема да работи поединечно, надвор од договорот во рамките на НАТО, за да добие нуклеарно оружје.

„Ние сме во НАТО со земји кои го имаат тоа оружје. И должност на сојузниците е заеднички да ги бранат своите територии користејќи ги сите можни сили и средства. Се разбира дека постои хиерархија во употребата на тоа оружје и никој не сака нуклеарна војна“, изјави полскиот министер за одбрана.

Кошњак-Камиш потсети дека мисијата на НАТО е одвраќање и одбрана.

„Ако донесуваме некакви одлуки, тие секогаш мора да бидат сојузнички одлуки во рамките на НАТО, а не поединечни“, додаде Кошњак-Камиш. 

Можете да прочитате

Почина најсиромашниот претседател – светот се прости со Хосе Мухика

Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене