Утрински Весник
Балкан

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ: денеска сослушување на мајката на момчето убиец од „Рибникар“

20230614131301 big 730x400 17.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Палатата на правдата во Белград продолжува судењето на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на 14-годишниот Коста, кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година. На денешното рочиште ќе биде сослушана мајката на момчето убиец.

Станува збор за кривична постапка што ја води Вишото јавно обвинителство во Белград против семејството Кецмановиќ, а родителите се товарат за несовесно поседување оружје и за запуштање на детето.

На вчерашното рочиште беше сослушан таткото на момчето убиец, кој ги негира делата за кои се товари.

Мајката на момчето убиец дојде на судењето во Палатата на правдата и се очекува нејзиното сослушување.

Пристигнати се и родителите на убиените деца, кои подготвија прашања за родителите на Коста, кој го изврши масакрот.

На 3 мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар Коста уби 10 лица, односно девет ученици и чуварот на училиштето.

Можете да прочитате

Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници

Едно лице загина во несреќа на жичница на Дурмитор

Вучиќ по состанок за НИС: Верувам дека сме чекор поблиску до решение