Утрински Весник
Балкан

БиХ одбележува 32 години од референдумот за независност

Screenshot 2024 03 01 105408.png

Босна и Херцеговина денеска слави 32 години од референдумот, по кој беше прогласена независноста на земјата, јавуваат босанските медиуми. Прашањето на референдумот беше „Дали сакате суверена и независна Босна и Херцеговина, држава на еднакви граѓани, народот на Босна – муслимани, Срби, Хрвати и претставници на другите народи кои живеат во неа?“, потсетува телевизија БХРТ. На референдумот излегуваат повеќе од 2 милиони луѓе, што претставува 63,6 од населението. За независност од Југославија гласале 99,7 отсто наспроти само 0,3 отсто против. Резултатите од референдумот беа усвоени на 6 март 1992 година во Парламентот на Босна и Херцеговина. Резултатите од референдумот овозможуваат и меѓународно признавање на Босна како независна држава. Земјите-членки на Европската заедница ја признаа независноста на Босна и Херцеговина на 6 април 1992 година, забележува босанскиот уредник на регионалната телевизија En 1. САД ја признаа земјата еден ден подоцна, а на 22 мај 1992 година, Босна стана полноправна членка на Обединетите нации. Босанскиот парламент на 28 февруари 1995 година одлучи 1 март да се слави како Ден на независноста на Босна и Херцеговина. Указот за закон за прогласување на 1 март за државен празник беше потпишан од претседателот на Претседателството, Алија Изетбеговиќ, на 6 март 1995 година.

Можете да прочитате

Вјоса Османи ја предаде функцијата на в.д. претседателката Албулена Хаџиу

Албанија се соочува со сериозна криза во однос на работната сила

Земјотрес ја стресе Грција – 24info.mk