Утрински Весник
Балкан

Вархеји: Планот за раст е амбициозен, Западен Балкан мора да напредува со цел да ги заврши реформите

20240229115351 Big 730x400 11.webp.webp

Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји, на самитот Западен Балкан – ЕУ, што денеска се одржува во Тирана, изјави дека планот за раст е амбициозен и оти предвидува двојно зголемување на средствата за Западен Балкан.

– Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, која мора да ги понуди сите придобивки од членството. Остана половина од времето за спроведување овој план, затоа регионот ќе треба брзо да напредува за да ги заврши реформите. Мора да ги примените правилата на ЕУ. Може да станете дел од европскиот пазар и пред да станете член на ЕУ, рече Вархеји, јави Ора њуз.

Според истиот извор, Планот на ЕУ за ЗБ предвидува забрзано спроведување на потребните рефорни, зголемување на инвестиции, што ќе може да го унапреди процесот на проширување на ЕУ со овие земји.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk