Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Политиките на СДСМ значат зголемени плати, инвестиции и економски потенцијал на државата

Fb Img 1708025551014

Прогресивните политики на СДСМ доведоа до зголемување на платите, инвестициите и целокупниот економски потенцијал на државата, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечершаното интервју во Тема на денот на телезија Сител. Ковачевски потенцираше дека граѓните ги препознаваат политиките на СДСМ, кои даваат резултат и ја движат земјата во вистинскиот правец.

„СДСМ покажа дека со една прогресивна политика, политика базирана на евроинтеграции, на евроатлански интеграции, на зголемување на пензии, на зголемување на плати, тука пред се зборувам за Владата предводена од СДСМ, зголемување на инвестициите, на економскиот потенцијал на државата, е политика која граѓаните ја сакаат”, рече Ковачевски.

Во интервјуто, Ковачевски посочи дека за разлика од СДСМ која секое дадено ветување и го исполнува, ВМРО ДПМНЕ единствено шират лажни ветувања и паника.

„ВМРО ДПМНЕ велеа дека минимална плата да биде 8.000 денари, минимална плата денес е 22.500денари. Ние кажавме дека ќе го исполнеме ветувањето за просечна плата 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, односно 650 евра”, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски .

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон