Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет

Vucic Tirana.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Тирана изјави  дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. -Денеска не и е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.  За нас е важно да имаме добри односи со Украина, – рече претседателот. Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји. – Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност од пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација, изјави Вучиќ. Претседателот на Србија, Вучиќ,  во Тирана учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина Володимир Зеленски и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.

Можете да прочитате

Голем протест на пензионерите во Атина

Притвор е побаран за сите уапсени поради трагедијата во Нови Сад, меѓу нив и поранешен министер

Почина Драган Марковиќ Палма – 24info.mk