Утрински Весник
Спорт

(Видео) Дружбата на Мбапе со Макрон во Елисејската палата не ја смени одлуката на крајот од сезоната да замине од ПСЖ

Screenshot 2024 02 28 123749.png

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе, синоќа во Елисејската палата во Париз беше во друштво на претседателот на Франција, Емануел Макрон, првиот човек на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, како и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани. По дружбата, Мбапе кој во 2022 година токму од претседателот на Франција Макрон беше премислен да остане во редовите на „светците“ овојпат останува на својот став да замине на крајот од сезоната. Некои медиуми пишуваат дека на средбата во Елисејската палата, воопшто не станало збор за понатамошната кариера на Мбапе, туку тој бил поканет како специјален гостин на вечерата која ја приредил Макрон при постета на емирот од Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани. Мбапе е во преговори со шпанскиот Реал Мадрид каде веќе сите го гледаат од следната сезона. Со ПСЖ до крајот на сезоната ќе се бори за сите три трофеи, а главната цел е освојување на Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига