Утрински Весник
Магазин

Хари Потер станува ТВ серија, веќе се планирани седум сезони

Hari Poter Serija.webp.webp

Хари Потер доаѓа на малите екрани – излегувањето на првиот дел од серијата е планирано за 2026 година.

Серијата треба да има седум сезони, а секоја сезона би адаптирала по една книга од авторката Џ.К. Роулинг. Последната телевизиска адаптација на книгите за Хари Потер излезе во 2011 година, а тоа беше вториот дел од филмот „Хари Потер и реликвиите на смртта“.

Првиот дел од ТВ серијата ќе биде достапен на платформата за стриминг Max (претходно HBO Max) во 2026 година. Дејвид Заслав, претседателот на Ворнер Брос, за медиумите зборуваше за новата серија, како и за договорот со шефовите на HBO и Max, како и со Џ.К. Роулинг.

Актерската екипа се уште не е позната, но ќе се разликува од филмовите. Даниел Ретклиф изјави за време на интервјуто за Дедлајн дека не планира да глуми во новата серија:

– Не верувам, не – рече тој. – Секако, се што прочитав за серијата е нов почеток, па би било малку чудно да се појавам… Мислам дека на Хари Потер секогаш му било судено да стане како Шерлок Холмс… Веројатно таму некаде е осумгодишник чиј живот ќе се смени за неколку години, па моите мисли одат во таа насока.

Книгите и филмовите за Хари Потер достигнаа голема популарност. Во текот на 25 години, серијата книги е продадена во 600 милиони примероци на дури 85 јазици. Ја заслужи титулата најпродавана серијал на сите времиња. Филмовите заработија повеќе од 7,7 милијарди долари.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува